Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Маринакис не потврдува посета на Мицотакис на Скопје

Портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, одговарајќи на денешниот редовен брифинг со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, одговарајќи на денешниот редовен брифинг со новинарите, не ги потврди информациите на грчкиот весник „Катимерини“ дека во кабинетот на Мицотакис „постои едно интересно размислување премиерот во следниот период да го посети Скопје“ по повод договорот за одново активирање на продуктоводот Солун – Скопје.

– Не знам за таква посета. Доколку има нешто, ќе бидете информирани или од нас или од Министерството за надворешни работи – одговори Маринакис.

„Катимерини“, во текстот со наслов „Предлози за посета на Скопје“, пишуваше дека размислувањата за посета на Мицотакис на Скопје се по повод „неодамнешниот договор на ‘Хеленик енерџи’ со Владата на Македонија за активирање на стариот нафтовод долг 213 километри, што ги поврзува Солун и Скопје и не се користи од 2013 година“.

Реклама

– Активирањето ја зголемува енергетската безбедност на Македонија преку енергетската зависност од Грција, што се смета за враќање кон една стара догма на надворешната политика за економско продирање на Балканот. Доколку патувањето навистина се реализира, одлуката ќе биде донесена во следниот период – пишува „Катимерини“.