Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

МАПАС: Членовите на пензиските друштва да ги ажурираат податоците за да го добијат зелениот плик навреме

Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување – МАПАС апелира граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување – МАПАС апелира граѓаните навремено да ги ажурираат своите податоци со цел да може навремено да добијат информации од пензиските друштва за состојбата со нивните сметки. Граѓаните треба да ги проверат и ажурираат своите лични податоци, да пријават евентуална промена на адреса или контакт информации. 

– Со цел поголема транспарентност и континуиран увид во пензиските заштеди, пензиските друштва во Северна Македонија еднаш годишно доставуваат извештаи до своите членови, кои се сè уште вработени, како и до пензионираните членови. Овие извештаи содржат детаљни информации за состојбата на индивидуалната пензиска сметка, доброволната индивидуална сметка, професионалната сметка и инвестициското портфолио. Извештаите се доставуваат во зелен плик и ги опфаќаат податоците за претходната календарска година. Во согласност со регулативата, доставата се врши најдоцна до 31 март во тековната година – појаснуваат од МАПАС.

Додаваат дека е важно граѓаните да ги ажурираат податоците за да го добијат нивниот зелен плик навремено и на точна адреса и оти затоа од особена важност е да се ги проверат и ажурирате своите лични податоци, да пријават евентуална промена на адреса или контакт-информации. Ова, велат, е особено значајно за членовите на вториот и третиот пензиски столб.

Реклама

Според Агенцијата, редовното следење на пензиските заштеди ви овозможува подобро планирање на вашата финансиска иднина, како и поголема сигурност и контрола врз вашите средства.