Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Маневски: Ќе изградиме нова индустриска зона во Зелениково

Коста Маневски, кандидат за градоначалник за општина „Зелениково“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коста Маневски, кандидат за градоначалник за општина „Зелениково“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дел од реализираните проекти во општината за време на неговиот четиригодишен мандат, се посочува во соопштението.

„Успеавме да ја реконструираме главната локална улица во должина од 3500м од Орешани до Станица Зелениково, асфалтиравме три нови улици во Пакошево, реконструиравме локален пат во Ново Зело, асфалтиравме и локален пат во Орешани кој води до индустриската зона Џамбовица, извршивме реконструкција на патот до Страхојадица, и на дел од патот во Бабин Дол, изградивме нови пешачки патеки и тампонирање на патот до селата Тисовица, Гумалево, Дејковец и Добрино како и тампонирање на земјоделски патишта. Набавивме и нови возила за собирање и транспорт на отпад кои се со различна кубикажа. Сите училишта, централното и подрачните, беа предмет на реконструкција. Обезбедив бесплатни униформи за учениците. Изградивме четири нови детски паркови, поставивме и нови модерни, инклузивни автобуски постојки“, истакна Маневски.

Маневски исто така и наброи дел од проектите на изборната програма.

Реклама

„Прво инвестиравме во економијата и новите работни места. Создаваме нова индустриска зона помеѓу Таор и Р’жаничино, формираме локален бизнис-центар кој ќе ги поддржи младите претприемачи со едукација, пристап до фондови и грантови. Второ инвестираме во образованието и младите. Продолжуваме со дигитализација на училиштата, набавка на паметни табли, компјутери и проектори. Финансираме младински проекти, воведуваме стипендии до 15.000 денари, градиме нова спортска сала во Зелениково и мултифункционално игралиште во Пакошево. Го регулираме коритото на Зелениковска Река, за безбедна и уредна околина. Ветувам нова индустриска зона! Ветувам изградба на спортски комплекс Јурија, парцели за млади брачни парови за домување, ќе изградам нов пат помеѓу Таор и Пакошево“, посочи Маневски.

Маневски на крај повика да се направи вистинскиот избор и да се заокружи бројот 9.

„Затоа направи го вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина, заокружете број 9“, рече Маневски.