Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит, очекуваме огромна победа

ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит, очекуваме огромна победа, изјави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит, очекуваме огромна победа, изјави на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

По 19 октомври и апсолутната победа во првиот круг од овие локални избори, ВМРО-ДПМНЕ се движи кон нова победа во вториот круг и запечатување на оваа историска победа. 550 советнички места, 33 општини во првиот круг и зголемување на бројот на гласови за 11.000, благодариме на секој еден што гласаше за вистинскиот избор. 

А, сега имаме одлична можност да ја испишеме историјата на овие избори. На 2 ноември влегуваме во директна битка за 27 општини, од коишто во првиот круг имаме убедлива победа во дури 20 општини и градот Скопје, а во останатите 6 сме многу блиску со победа или незначителна разлика од десетици гласови во однос на опонентот. 

Реклама

Оваа поддршка се должи на чесноста, работата, посветеноста и транспарентноста. Се должи на многу ветувања на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги реализираа изминативе 4 години. 4 години сме без скандали, без местени тендери, без афери, без индиции или сомнежи за корупција или криминал. 

Затоа, ги повикуваме граѓаните на 2 ноември, масовно да излезат и да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и да го заокружат бројот 9, да го направат вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.