Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСM и Левица стојат зад протестите на ССМ

– Трендафилов призна дека СДСM и Левица стојат зад  протестите на ССМ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Трендафилов призна дека СДСM и Левица стојат зад  протестите на ССМ, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштение.

Во гостување на една од македонските телевизии, на Слободан Трендафилов му се промакна изјава којашто по се изгледа не требаше да ја каже во јавноста, дека како што вели тој – сите се здружиле токму против оваа влада.

Оваа изјава која му излета на Слободан Трендафилов,  докажа дека зад протестите на ССМ стојат СДСM и Левица. Во минатото, ваква изјава Слободан Трендафилов никогаш нема дадено.

Реклама

Трендафилов ќе направи се што може по насока на СДСM и на Левица за работниците да не добијат покачување на платите. Но, нека му служи на чест.

Покачувањето во јавната администрација од 40% не е понуда која е од вчера, туку од минатата година. Но, Трендафилов затоа што шурува со СДС и Левица, не прифаќа нов колективен договор со којшто минималното зголемување ќе биде, повторувам минималното зголемување во април оваа година ќе биде 3580 денари, додека пак просечното зголемување ќе биде над 6000 денари или како што вели ССМ над 100 евра.

Но тоа што СДСM ја покраде државата и остави прашина во државната каса, на Слободан Трендафилов и на ССМ не им пречеше, не се жалеа и не бараа повисоки плати. Затоа и велиме дека кога ја наследивме власта ние не почнавме од нула, туку од голем минус.

ВМРО-ДПМНЕ не ветуваше чуда, туку работа и дела. Како што ги зголемивме платите во образованието, во здравството, во полицијата, во Министерството за одбрана, во социјалата и други, така ќе ги зголемиме платите и во администрацијата. Дополнително на ова, ќе помагаме и на бизнисот за да може и тој да ги зголеми платите во приватниот сектор.

Никој не вели дека е лесно и дека цветаат рози, никој не вели дека тече мед и млеко по улиците, ниту, пак, дека гледаме низ розови очила. Но, вистината мора да се знае. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се во рамките на своите можности за да го подигне стандардот на граѓаните.