Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40 отсто покачување на платите во следните две години на штета на работниците

ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците. Синдикалецот на батерии Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната која ја добива благодарејќи на работниците кои членуваат во неговите синдикати, им го сврте грбот и не прифати зголемување на платите во администрацијата за 40% во следните 2 години, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Слободан Трендафилов кој е многу гласен кога СДС е во опозиција, а тивок кога тие беа на власт, го одбил предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите на административните службеници за 40% во следните две години. Зошто? Само затоа што не сакал да го потпише новиот колективен договор. 

Трендафилов ги остави работниците на цедило и без повисоки плати, затоа што е политички заробеник од страна на СДСМ. Договорот што тој лично заедно со минатата министерка за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДСМ, Јованка Тренчевска го потпишал е истечен, а со тоа се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години. 

Реклама

Ова ССМ и Слободан Трендафилов и УПОЗ на чело со Трпе Деаноски го одбиваат.

Почитувани граѓани, почитувани работници, 

Лицемерието на ССМ и Слободан Трендафилов е разоткриено. Додека од една страна глуми загрижен за работниците, за нивните права и за нивните плати, од другата страна докажува колку навистина му е грижа за работникот со тоа што го одбива предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите во висина од 40%.

ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.

На ССМ и Трендафилов не им е до зголемените плати на работниците, туку до тоа да и им наштетат на државата, а со тоа и на Владата што е можно повеќе.

Отворената поддршка која ССМ ја добива од Левица и од СДСМ, јасно говори кој седи позади овој организиран денешен протест.