Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Манасиевски: Српската опозиција преку Башановиќ и Заев го користи СДСМ за свои интереси, кои не одат во прилог на македонската опозиција, која се распаѓа

Српската опозиција преку Башановиќ и Заев го користи СДСМ за свои интереси,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Српската опозиција преку Башановиќ и Заев го користи СДСМ за свои интереси, кои не одат во прилог на македонската опозиција, која се распаѓа.

Српските опозиционери Бранко Ружиќ, потпретседател на Социјалистичка партија на Србија и Јован Ратковиќ, член на претседателството на Социјалдемократската странка во Србија, на средбата во Скопје со генералниот секретар на СДСМ, договориле заедничка соработка за формирање на опозициски фронт со кој ќе делуваат во српската политичка сцена, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Оваа платформа за обединување на опозиции од две држави е стриктно направена поради лични и бизнис интереси на поранешниот кум на српскиот претседател, Зоран Башановиќ, а во истата му помага Зоран Заев.

Реклама

Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ не случајно се одбрани за создавање на овој опозициски фронт, затоа што едниот е дел од партија која е дел од власта во Србија, но јавно ја критикува работата на владата иако беше дел од неа, за потоа да си даде оставка, додека другиот е човек кој на почетокот на овој милениум бил основач на движење со кое во Србија има соборено власт.

Сето ова што СДСМ преку Димитријевиќ го прави заради Заев и неговите блиски пријатели, го доведуваат СДСМ на маргините на македонската политичка сцена.

Опозицијата предводена сè уште од СДСМ, наместо да делујствва во Македонија, таа се става на услуга на други партии во други држави.