Реклама

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Македонија

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДСМ, заедно со ДУИ и Таравари

Денес Венко Филипче има став за секоја тема и секојдневно дели лекции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес Венко Филипче има став за секоја тема и секојдневно дели лекции за тоа како треба да функционира здравствениот систем. Но, каде беше истиот тој Филипче кога со години раководеше со Министерството за здравство, а СДСМ со власта, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Филипче денес критикува за секој проблем, а молчеше кога имаше обврска да зборува и да постапува. Тука е суштинската разлика.

Во интерес на граѓаните, да прикажеме документи кои време кога СДСМ кога тие беа власт, а станува збор за загадена вода токму во Гостивар и со децении не било реагирано.

Реклама

На 11.11.2020 година има извештај од микробиолошка анализа, во кој се вели дека поради зголемен број на колиформни бактерии водата не треба да се користи за пиење.

Понатаму, на 01.03.2021 исто така водата не ги задоволува критериумите согласно правилникот за безбедност и квалитет за пиење на вода.

Понатаму, на 15.02.2021, еден месец пред тоа, исто така водата не ги задоволува критериумите според правилникот за посебните барања за безбедност на конзумирање на вода.

Но ова е само во времето кога Филипче е министер, но има и понатаму кога СДСМ е на власт.

 11.07.2022,  вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец Гостивар не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.

 Не било постапено и се продолжувало со труење на граѓаните, а тие самите не знаеле. 04.08.2023 исто така вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Ова се документи кои биле испраќани до Министерството за здравство, а никој не реагирал. Ова е за 2023та година. Исто тука има дел за ЈП Комуналец 29.06.2023 неисправно поради бактериски колонии.

Почитувани граѓани,

овие се проблеми кои требало да бидат решени, а не да се ставаат под тепих, а граѓаните да се трујат. Ова што денес се случи во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт, а таа власт сега ја предводи СДСМ, ДУИ и Таравари. Затоа е потребна одговорност. Следен пат, пред да се држи

лекции и да се обидува да се собираат политички поени, Филипче треба да знае дека граѓаните паметат како се водеше здравствениот систем во неговото време и затоа последен има право да дели лекции за јавното здравје.