Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Манасиевски: Скандал: „Децата“ на Филипче од Ново Село, кои ги хушкаше за правење инциденти, се осудени насилници и трговци со дрога

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Вчера Венко Филипче со панична прес-конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Вчера Венко Филипче со панична прес-конференција од Ново Село сакаше да го сврти вниманието и да ги прикаже за жртви оние кои тој ги нарече деца. Всушност, вистината е сосема поинаква.

„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик.

Реклама

Одиме со ред. Еве кои се „децата на Македонија“ според Филипче, со кои тој вчера се сликаше.

Ве поканувам заеднички да го проследиме видеото.

Почитувани,

Христијан Ефтимов е внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, на кого му е поднесена кривична пријава врз основа на која е и осуден на година и пол условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица, ова е кривична пријава од 2024 година за којашто тој и Илија Стојанов се условно осудени на година и пол условна казна затвор.

Илија Стојанов, пак, освен што учествувал во тепањето на плоштадот заедно со внукот на Вице Заев, условно е и осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, а тоа е “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога.

Одиме понатаму, човекот до Филипче, организациониот секретар на СДСM, Зоран Трифуновски, е лице кое, според јавно достапните информации, се гонело за обид за убиство и има богато досие за насилство и тепачки, а токму Филипче го постави на висока партиска позиција. Инаку, тој бил вработен во МВР, во обезбедувањето на Шеќеринска, и важи за близок човек на Зоран Заев, а претходно, во 2023 година, СДСM го назначи за директор на МЖ Инфраструктура.

Вистината е дека Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа.

Почитувани граѓани,

Вакви ликови како Трифуновски, или пак Ефтимов и Стојанов, на кои местото не им е во политиката, во името на СДСM морализираат пред македонската јавност.

Ова ли се децата на Македонија според Филипче?

Не, токму ова е талогот на општеството.

Ова е срамот на Македонија. СДСM, Филипче и неговите луѓе се срам за Македонија.