Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Манасиевски: СДСМ зборува за европски вредности, ги спинува европските функционери и го негира македонскиот идентитет, Филипче од фотелјата на Заев вели дека е спремен за уставни измени без гаранции

Од СДСM постојано се претставуваат како проевропски, затоа што веројатно тоа им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од СДСM постојано се претставуваат како проевропски, затоа што веројатно тоа им е единствен аргумент кој го имаат откако додека беа на власт ги распродадоа македонските национални интереси. Овој нивни аргумент не е поткрепен со нивното однесување во јавноста, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче се однесува како само тој да го знае патот кон ЕУ, а неговата шема не познава никакви црвени линии.

Но, што имаат да кажат луѓето од највисоките редови во СДСM, кои се директно назначени токму од Филипче?

Реклама

Рубин Земон, како најнов случај, кој е член на Извршен одбор на СДСM, кој е и поранешен функционер за време на Зоран Заев, без двоумење на еден поткаст изјави дека за него Гоце Делчев е небитен, дека е мит, и дека не е важен кога станува збор за македонската државност.

Да повториме, еден од темелите на македонската државност, Гоце Делчев за другарот на Филипче, е мит.

Венко Филипче ниту се огради, ниту пак се изјасни за оваа изјава на Рубин Земон, затоа што од друга страна, тој самиот јавно изјави дека е подготвен да потпише уставни измени, веднаш, без услови, и без никакви гаранции дека тоа би била последната пречка за Македонија при евроинтегративниот процес.

Венко Филипче, кој сам се прогласува како проевропски настроен лидер на партија во опозиција во земјава, ги спинуваше изјавите на европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, господинот Томас Вајц.

Господинот Вајц за ова лично се огласи и разјасни дека интервјуто е дадено скоро два месеци пред да биде објавено и дека актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во земјава има значаен прогрес. Со оваа изјава, јасно беа демантирани лагите на Венко Филипче.

Според ова, СДСM не е проевропска туку е опортунистичка.

Исто така, уште еден важен пример е тоа што со месеци од СДСM ширеа невистини дека средствата од ИПАРД програмата се изгубени, и дека македонските земјоделци останале без поддршка.

Брисел даде јасен одговор на ова прашање, дека средствата се достапни и се на располагање на македонските земјоделци и дека воопшто никогаш не биле блокирани.  

Почитувани граѓани, СДСМ и Филипче се подготвени да потпишуваат бланко листови, без гаранции, да спинуваат европратеници, додека во сопствените редови шират негирање на македонскиот идентитет, затоа што Филипче не е морален авторитет да говори за европските вредности.

СДСМ не е проевропски настроена, ниту пак Филипче е проевропски настроен.