Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Манасиевски: СДСM оди во стечај, кадрите на Заев се новите лица на Филипче

СДСM вчеравечер ја потврди нашата констатација дека продолжуваат да тонат се повеќе,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM вчеравечер ја потврди нашата констатација дека продолжуваат да тонат се повеќе, наместо нов и свеж кадар, Филипче ги врати старите лица на Зоран Заев. На следните избори 100.000 гласови им се плафон, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Претставија “Нова сила”, а всушност тоа се стари лица на Зоран Заев кој заедно со Филипче го доприватизираа и раскрчмија СДСM.

Во т.н “ново” раководство на СДСM влезе екс директорот на затворот Шутка со активна кривична пријава за злоупотреба на службена должност, Филип Андов, исто така влезе и Јон Фрчковски кој беше фатен како се дрогира на своето работно место и призна за тоа и наместо казна тој доби унапредување во СДСM.

Реклама

Новите сили, а стари кадри напишани од Зоран Заев, а изгласани од Венко Филипче се:

Рената Младеновска, поранешна директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и досегашен член на ИО на СДСM; односно стар кадар.

Драган Крајовски, претседател на ОО на СДСM во Битола во времето на Ковачевски а директор на затворот „Црн мост“во времето на Зоран Заев и член на Централниот одбор на СДС; односно стар кадар.

Дејан Николовски, вработен во кабинетот на Зоран Заев и задолжен за странските инвестиции и досегашен претседавач на Централниот одбор; односно стар кадар.

Андреј Жерновски, прелетач за функција од ЛДП во СДСM на Зоран Заев, неуспешен и скандалозен дипломат, неуспешен градоначалник, неуспешен градежник, а јавноста не го памети по ништо добро, туку само по ширење на паника дека ќе се урне стадионот кој ден денес сеуште го имаме во Скопје; исто така стар кадар.

Агрон Демири, екс советник во секторот за Европска Унија и меѓународна соработка, потоа правник и е дел од Одделението за правни услуги во АД ЕСМ, коносител во ИЕ 6 на парламентарните кога СДСM го претрпеа најголемиот пораз во историјата и впрочем Агрон Демири не успеа да влезе како втор на листата како пратеник; исто така стар кадар.

Љупчо Фармаковски – Фосил уште од времето на Хари Костов во Влада и МВР како државен советник, па и до ден денес му е главен координатор за човечки ресурси во Комерцијална Банка. Во 2008 година беше претседател на Националната комисија за интегрирано гранично управување. И до сега впрочем беше организациски секретар на СДСM; исто така стар кадар.

Јованка Тренчевска, поранешна министерка во владите на Заев за труд и социјална политика. Кочеше 16 согласности за воспитувачки и негувателки како и 10 согласности за помошно технички персонал во градинките во општина Бутел кога градоначалникот беше од ВМРО-ДПМНЕ, а исто така опструираше и одземаше ингеренции и во Куманово.  Го врати на работа директорот на меѓуопштински Центар за социјална работа во Радовиш, Александар Филев од СДСM, откако беше разрешен затоа што беше фатен во трговија со дрога. Во 2024 година таа се повлече од функцијата како Претседателка на форумот на жени на СДСM каде што вели, цитирам: „Од денес во СДСM нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери“, е вака тогаш напиша, а сега се промовира како освежување Јованка Тренчевска, потпретседател на СДСM; исто така стар и истрошен кадар.

И почитувани, се што треба да знаете за СДСM е дека новиот кадар на Венко за претседавач на ЦО на СДСM е Герасим Лазов.

Почитувани граѓани, ова е убедливо најлошиот состав на СДС, Филипче и Зоран Заев. Приватизациjата на СДСM завршува, а наредниот чекор е тежок стечај.