Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Манасиевски: СДСМ и Филипче велат дека се проевропски за да се оправдаат за националните предавства, истовремено одржуваат проруски врски 

За СДСМ, Филипче и неговиот ментор Заев, патот до ЕУ мора да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За СДСМ, Филипче и неговиот ментор Заев, патот до ЕУ мора да биде преку национални предавства и обезличување. Затоа Филипче вели дека немаат проблем да потпишуваат сѐ – уште веднаш, и да прават секакви отстапки, без притоа да има било каква гаранција за Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено, СДСМ и Венко Филипче се претставуваат како проевропски и зборуваат за европски вредности, а одржуваат проруски врски.

Така му дадоа македонско државјанство на прорускиот бизнисмен Александар Онишченко. Човек кој избега од Украина поради перење на пари и корупција, а кој Заев и Филипче го пречекаа со отворени раце.

Реклама

Друг ваков пример, за шемите на Заев и Филипче, е случајот со Борче Марковски. Почесниот конзул на Белорусија во Македонија, кој благодарение на Заев и Филипче доби 77 државни тендери од кои 66 беа од ЕСМ во вредност од 141 милион евра.

Да не ги заборавиме и бизнис шемите поврзани со прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, за кој Заев, ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваше ДУП во Тетово, за да му овозможи на Дака да изгради 2.000 станбени единици вредни 200 милиони евра.

Почитувани граѓани, Јавноста е доволно запозната со сите овие случаи, како и со политиките кои СДСМ ги водеше додека беше на власт.

СДСМ и Венко Филипче, во нивниот обид за ребрендирање како проевропски, веројатно мислат дека граѓаните имаат заборавено на нивните криминални шеми.