Реклама

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Македонија

Манасиевски: СДСМ и Филипче лажно се претставуваат како проевропска опција, додека Европа ги демантира за секоја нивна лага

СДСМ и Венко Филипче самите си ја лепат етикетата проевропска опција, додека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Венко Филипче самите си ја лепат етикетата проевропска опција, додека најдобри другари им се Онишченко, Борче Марковски и Миодраг Давидовиќ Дака, проруски бизнисмени, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на партијата.

СДСМ и Филипче се претставуваат како проевропска партија, а нивните лаги и манипулации постојано се демантирани од европски институции и европратеници.

Ако навистина се проевропски, зошто Европа постојано ги демантира?

Реклама

Последен пример е и лагата за изјавата на европратеникот и известувач за Македонија, господинот Томас Вајц. СДСМ ја спинуваа неговата изјава, а тој веднаш ги демантираше и јасно посочи дека Македонија има голем напредок во Реформската агенда.

Исто беше и со хистеријата што ја ширеа за ИПАРД средствата. И таа манипулација беше демантирана преку известување од Европската Комисија.

Додека Филипче говори за национални интереси, неговиот сопартиец и член на ИО, Рубин Земон, јавно изјави дека Гоце Делчев е небитен и дека е мит. Тоа е директно омаловажување на еден од темелите на македонската државност.

И откако ќе излажат, никому ништо, нема извинување, напротив продолжуваат да ја повторуваат истата лага мислејќи дека само така таа ќе стане вистина. СДСМ со Венко Филипче е истиот оној СДСМ со Зоран Заев.