Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Манасиевски: СДСМ и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, денес нивните кадри ги штитат нивните интереси

СДСМ и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, a денес нивните кадри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, a денес нивните кадри ги штитат нивните блиски и нивните интереси, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски.

Дозволете да потсетам на дел од нив, лица кои се блиски до структурите на СДСМ. Весна Дамева, која беше претседател на Судскиот совет, била член на партиската комисија на СДСМ.

Добрила Кацарска, судијката која изрече вкупно 211 години затвор за случајот 27 април, па како награда стана Уставен судија, а денес продолжува да работи во интерес на СДСМ, односно грчевито да се бори да го укине линеарното зголемување на пензиите од 7000 денари.

Реклама

Наќе Георгиев, токму во периодот на власта на СДСМ, напредуваше до Врховниот суд, а потоа стана и член на Судскиот совет.

И секако, да не ја заборавиме, Вилма Русковска, обвинителката која го застапуваше обвинението за 27 април и стана еден од главните симболи на обвинителството во времето на СДСМ и на ДУИ.

Почитувани граѓани, ова се луѓето кои СДСМ и ДУИ со години ги поставуваа, унапредуваа и носеа на највисоките позиции во правосудството. Токму ова е доказот дека правосудните инсталации на СДСМ и на ДУИ, имаат име и презиме.

Македонија мора да стави крај на правосудство предводено од  СДСМ и ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите.