Реклама
Македонија

Манасиевски: СДСМ да одговори дали 1,5 милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај Башановиќ

СДСМ да одговори, дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ да одговори, дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ?

Куќниот пријател на Заев и негов личен советник, Зоран Башановиќ, кој сега е шеф на центарот за лаги и манипулации на СДСМ, според извори од неговата матична држава, се вели дека еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле токму кај него, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција за која информира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Српските медиуми, освен Заев, го поврзуваа и Башановиќ како еден од учесниците во аферата „Рекет“, а како што се вели во еден српски портал, во снимен инкриминирачки разговор, Башановиќ вели дека сега е време се да се наплати, и дека конечно е дојдено времето да биде полн како брод.

Реклама

Освен овие еден и пол милион евра, да потсетиме дека имаме сведоштва за тоа дека рекетираните пари завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Исто така, правосудните органи кои ги штитат Заеви ова никогаш не го истражија.

Од СДСМ треба и да одговорат зошто секогаш кога некој ќе биде „истеран“ од сопствената држава, како што беше случајот со Онишченко и овој со Башановиќ, а истите се сомничат за криминали и коруптивни случаи, Заев и Филипче ги вдомуваа во државата или во нивната партија?

Почитувани граѓани. Ете кој го води СДСМ, и ете кој го води нивниот ПР тим. Луѓе кои се синоним за криминал и корупција се секогаш во врвот на СДСМ.

Во СДСМ се потребни реформи и чистење на криминалците и корумпираните функционери. Во спротивно, на следните избори СДСМ ќе го достигне дното и би се нашле под 100.000 гласови.