Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Манасиевски: Само Филипче слепо му верува на Радев кога вели дека уставните измени се последната препрека за влез на Македонија во ЕУ

Само специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче слепо му верува на Румен Радев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче слепо му верува на Румен Радев кога вели дека уставните измени се последната препрека за влез на Македонија во ЕУ, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите

Само специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче слепо му верува на Румен Радев кога вели дека уставните измени се последната препрека за влез на Македонија во ЕУ

Реклама

На сите им е јасно, па дури и на птиците, дека уставните измени за внесување на Бугарите во уставот е само првиот од многуте чекори кои бугарските власти ги имаат кон нас, а се однесуваат на македонскиот јазик, историја, култура и идентитет.

И ова не го говориме ние како ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа го говори сегашниот премиер на Бугарија.

Во видео од 2019 година, кое е повторно актуелно на социјалните мрежи, Румен Радев како тогашен претседател на Бугарија, пред голем аудиториум на конференција во Русија на којшто присуствува и Владимир Путин, говори за македонската историја, но во бугарски контекст.

Румен Радев во своето обраќање говори дека Гоце Делчев е Бугарин и дека писменоста дошла од Бугарија, а не од Македонија, додека од македонските власти во тоа време предводени од Зоран Заев и Венко Филипче немаше никаква осуда за конкретниот говор на Румен Радев.

Со ова, јасно се докажува дека на Бугарија и Румен Радев не им е само до внесување на 2-3 илјади луѓе во Уставот на Македонија кои се чувствуваат како Бугари, напротив тие сакаат комплетно да ја редефинираат македонската историја, македонскиот јазик, култура и идентитет.

Или попластично објаснето, доколку Филипче дојде на власт би им дозволил на Бугарите без задршка – Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули, Даме Груев да бидат Бугари кои се бореле за бугарската држава, Кирил и Методиј да бидат Бугари кои ги описмениле словенските народи, секако по ова македонскиот јазик би бил од 1945 година па наваму, исто како и македонскиот идентитет дека е од по втората светска војна, а се пред тоа било бугарско.

Почитувани граѓани, Венко Филипче и СДСM за власт, за амнестија од криминалите, за да можат да ја крадат државата и за моќ, за само еден ден би ја продале државата и око нема да им трепне.

ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи заедно со граѓаните кои ја ценат и поддржуваат нашата достоинствена политика која носи добробит на македонскиот народ.