Реклама

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Манасиевски: Раст од 17,5 проценти на советничките места, 80 отсто од освоените градоначалнички места во 2021 година, сега ги освоивме во првиот круг, на 2 ноември да ја запечатиме победата

Со огромната победа на 19-ти октомври, граѓаните направија вистински избор,  гласаа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со огромната победа на 19-ти октомври, граѓаните направија вистински избор,  гласаа за работа, перспектива и иднина. Гласаа за нови улици, нови булевари, мостови и клучки, гласаа за нови градинки, училишта, гласаа за нови паркинг места, нови катни гаражи, гласаа за континуираната поддршка од локалните самоуправи кон граѓаните, преку субвенции за инвертер клими, велосипеди, електрични тротинети, полагање на возачки испити и за поддршка на социјално ранливите категории. Едноставно кажано, гласаа за квалитет и докажани луѓе, односно за ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ја препознаа надежта и работата на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, затоа имаме и раст во гласовите од минатите локални избори  од 2021 година. Имаме пораст во делот на советничките места од 17,5% или 82 повеќе советници во советите. 

Имаме пораст и во делот на освоени градоначалнички места во првиот круг, ако во 2021 година имавме 22 градоначалнички места, сега имаме 33, што е за 50% повеќе, со што би освоиле околу 80% од вкупниот број на градоначалници на локалните избори 2021 година, кога освоивме 42 општини вкупно. И тоа, само во првиот круг. 10 спрема 1 е разликата по првиот круг во сооднос со СДСМ.

Реклама

Поддршката на граѓаните е од големо значење, но и знак дека избраа вистински луѓе, со визија, проекти и работа, наместо стагнација, криминал и неспособност.

Затоа на 2 ноември, на гласањето во вториот круг, ве повикуваме повторно масовно да излезете и да го дадете својот глас за бројот 9, за ВМРО-ДПМНЕ, за вистинскиот избор, за нови победи во Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, во Дебрца и во Демир Капија, во Дојран и Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани и Крушево, нови победи во Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце и Росоман, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и секако Градот Скопје.

За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!