Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Манасиевски: Работниците ќе останат без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски

Работниците ќе останат без 600 евра минимална плата во 2028 година поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работниците ќе останат без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски. Политичката заробеност на ССМ од страна на СДСM се покажува на дело. Дека на Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, како и ССМ како синдикат, не им е грижа за работниците, се докажува со тоа што одбиваат 40 отсто зголемување на платите за административните службеници или минимум во бројка – над 10.000 денари за две години од денес. Сето ова, само поради послушноста и потчинетоста кон СДСM, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку овој предлог, односно ова зголемување на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ биде прифатено од гранскиот синдикат УПОЗ, предводен од Трпе Деаноски, и ССМ, предводен од Слободан Трендафилов, минималната плата ќе изнесува минимум 36.000 денари за административните службеници во 2028 година. Единствениот услов од Владата е да се потпише нов колективен договор до 2028 година поради тоа што моментниот е нејасно напишан и поинаку се толкува, а згора на сè и е истечен.

Но, поради политичкото заробеништво на ССМ, Слободан Трендафилов и на Трпе Деаноски од страна на СДСM, тие одлучија да шуруваат со нив сакајќи на овој начин да ѝ наштетат на државата. Но не сфаќаат дека со ова им наштетуваат на работниците, оние на кои тие велат дека им мислат добро.

Реклама

Поддршката од СДСM и Левицата за ССМ е само доказ дека тие немаат никаква искрена намера, туку само напад кон Владата, која дава сè од себе за зголемување на платите и пензиите, како што впрочем тоа го докажавме во образованието, во здравството, во полицијата, Министерството за одбрана, социјалата и за пензионерите.