Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Манасиевски: Најголемите криминали во здравството се случија во времето на Филипче

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција истакна дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција истакна дека криминалите во здравството не би можеле да се случат без Филипче.

-Во периодот кога на пациентите им биле давани физиолошки раствори, наместо онколошки терапии, Филипче беше министер за здравство. Кога изгореа 14 луѓе во Модуларната боница, Филипче беше министер за здравство. Кога сакаше да ќари газда Венко од тендери со блиска негова веледрогерија и да купи вакцини по двојно повисока цена од фантом фирма, Филипче беше министер за здравство, вели Манасиевски.

Според него, најголемите скандали, корупции и криминали во историјата на здравството се случија во мандатот на Филипче.

Реклама

-Затоа, Филипче треба да одговори, дали тој стои позади овој случај во Онкологија каде што од Буџетот на државата биле исцедени 2,2 милијарди денари или 35 милиони евра? Дали можеби од овие украдени пари од Буџетот директно на грбот на граѓаните и маката на пациентите на Онкологија, Филипче си купил акции во индиска авиокомпанија и вложил во бизнис за градежништво, каде што во Дубаи заедно со Заев градат 50катница? Дали со овие пари Филипче ја добил златната виза. Филипче продолжува да молчи, а тоа делува како да нема став за овие прашања.

Филипче треба да се соочи со вистината и доколку ова што го прашуваме не е вистина, може слободно да не демантира, меѓутоа тој тоа не го прави. Дали се крие нешто позади сиве овие случаи, само Филипче и судството знаат.

Меѓудругото, повторно апелираме до ОЈО да не го затвора овој случај, туку да ја истражи улогата на Филипче во истиот, посочува Манасиевски.