Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Манасиевски: Истрагата за Кочани се спроведува неселективно и во целост, а Филипче и Шарените знаат само да злоупотребуваат трагедии

Истрагата за Кочани од страна на МВР е спроведена во целост и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагата за Кочани од страна на МВР е спроведена во целост и без поштедување на било кого, како што тоа во минатото беше случај, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите документи се предадени во ЈО и никој не е поштеден. ЈО е сега тоа кое треба низ понатамошниот тек на постапката да одлучува кого ќе опфати со предметот, а кого не.

Според СДСM што требаше да се направи? Да се штедат лицата кои се осомничени и да се постапува како што постапуваа Филипче, Оливер Спасовски и Зоран Заев? Не, правдата мора да биде неселективна“, додаде Манасиевски.

Реклама

„СДСM не само што не знае за правда воопшто, туку оди и понатаму злоупотребува смрт на невини лица.

Според наши информации, СДСM имале состанок на кој присуствувале повеќмина од раководството и токму на тој состанок договориле Кочани да биде дел од кампањата во следниот период.

Ова е одлучено и покрај обидите на неколкумина да укажат дека ова не е совесно, ниту пак чесно и морално да се тера кампања за оваа трагедија во која има починати 62 лица.

Ова е доказ дека СДСM не знае за основни вредности. И покрај сите укажувања раководството одлучило Кочани да е главна тема во следниот период и во пресрет на локалните избори.

Замислете одат и понатаму, мислат дека оваа агенда ќе им донесе поени и ќе ги врати Заев и Филипче и сличните на нив.

Сето ова го прават истите луѓе кои заборавија на Модуларната болница на Дурмо турс и на Беса транс. Истите луѓе кои играа со чувствата на народот во времињата на Шарената револуција кога зборуваа за Смилковско езеро, за Младенов, за Нешковски, случаи за кои подоцна од позиција на власт срамно, но без око да им трепне констатираа дека правдата е таа и виновниците се тие.

Ова се истите луѓе. Очигледно, не само што не се засрамуваат, туку пробуваат со исти механизми да создаваат негативни чувства кај народот“, потенцира во изјавата.

Филипче и сличните како него, на претстојните избори многу добро ќе видат што мисли народот за нив, додаде Манасиевски.