Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Манасиевски: Филипче и натаму не го осудува говорот на бугарската министерка која не нарече “северномакедонци”, напротив соработува со нашите негатори

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Филипче и натаму не го осудува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Филипче и натаму не го осудува говорот на бугарската министерка која не нарече “северномакедонци”, напротив соработува со нашите негатори.

Венко Филипче скоро две недели наоѓа изговори и не го осудува недостоинствениот говор на бугарската министерка Петрова Чамова која не нарече “северномакедонци”, Филипче дури и се гордее на тие успеси со кои ја потчинија државата пред останатите.

Венко Филипче не се огради ни од изјавите на неговиот член на ИО Рубин Земон кој за Гоце Делчев рече дека е мит и дека не направил ништо за Македонија.

Реклама

Со ваквите мекотелни политики, Филипче им дава простор на бугарските власти да не уценуваат и да велат дека има мала група на политичари во Македонија која ќе им ги исполни нивните барања.

Филипче и натаму останува лојален кон Бугарија, од причини само него познати. Но, добро е да каже дека тие причини се уцена од група бугарски политичари поради неговото криминално минато со Зоран Заев.

Филипче да престане со политиката на негирање на Македонија и да не води мекотелна политика. Македонија има своја историја, култура, идентитет и јазик, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи преговарање за овие теми.