Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Манасиевски: Филипче е спремен да ги продолжи предавствата на Заев за да ја задржи фотелјата на Бихаќка

Венко Филипче верно го следи Зоран Заев и неговите политики. Венко Филипче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче верно го следи Зоран Заев и неговите политики. Венко Филипче е третиот во низата по Зоран Заев и Димитар Ковачевски, кој е спремен да ги продолжи предавничките политики уште веднаш, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. Филипче ќе направи се за да ја задржи фотелјата на Бихаќка.

Пред два дена, на 123 годишнината од смртта  на Гоце Делчев, од пред неговиот гроб, Венко Филипче изјави дека Бугарија не го негирала идентитетот на Македонија.

Тоа е истата онаа Бугарија каде официјални лица говореа дека македонскиот јазик е создаден во 1945 година и е изменета верзија на бугарскиот јазик, додека пак Гоце Делчев е бугарски револуционер.

Реклама

Оттука, јасно е дека на Филипче и на СДСM не им се важни македонските национални интереси, македонскиот идентитет, ниту пак темелите на македонската државност.

Тие стојат на ставот дека доколку би била нивна одлуката, веднаш би ги потпишале уставните измени, без никаква гаранција за Македонија на евроинтегративниот пат.

Да потсетиме, погрешните политики на СДСM како Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, Францускиот предлог, се целосна вина на СДСM за што сега Македонија се наоѓа во позиција да биде уценувана и блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ.

Со вакви изјави, Филипче не само што се потценува самиот, туку ја потценува и свеста на граѓаните за сериозноста на идентитетските прашања. Почитувани граѓани,

Владеењето на СДСM, направи ненадоместлива штета на Македонија, со што земјата ја доведе да биде мета на идни билатерални спорови. Венко Филипче е само бледа копија на Зоран Заев, а со неговите изјави секој ден се повеќе потврдува и дека ќе го надмине Зоран Заев.