Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Манасиевски: Филипче е симбол на корупцијата во здравството и функционер заштитен од правосудните органи

Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која згаснаа 14 животи, можела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која згаснаа 14 животи, можела да биде спречена ако Филипче бил чесен и доколку не го интересирале провизии, анекси и тендери, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува прес-конференцијата на Валентин Манасиевски.

Трагедијата би била спречена доколку Филипче имал подготвено елаборат за електрична енергија, но и доколку техничката спецификација била како што треба, а ја прави одговорното лице назначено токму од Венко Филипче, по негова насока, каде што подоцна се констатира дека не е во согласност со ниеден стандард за изградба на објекти од областа на здравството. Не се почитувале Законот за градењето и Законот за здравственатадејност. Дополнително, не се почитувале ниту минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.

Филипче и Заев си го сменија и Законот за градењето за модуларните болници да ги стават во категоријата урбана опрема и на овој начин да ги заобиколат контролите. Згора на сè, биле потрошени 300.000 евра од вкупно 30 милиони. Или 1 отсто од 100 %. Каде отишле преостанатите 99 % од парите – нема одговор.

Реклама

Да потсетиме, за оваа трагедија осудени беа периферни ликови, а Филипче, кој е единствениот потписник на модуларните болници, не е повикан ниту на информативен разговор од надлежните органи.

Истовремено, во време на Филипче сведочевме на обиди за набавки на вакцини од фирма што продава манго и ананас, сведочевме на давање физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија. Сведочевме и на милионски тендери во здравството за кои до денес нема јасни одговори, кој профитирал и каде завршиле парите на граѓаните?

Почитувани граѓани, Филипче е симбол на систем во кој политиката е над законот, а партиските интереси пред животите на граѓаните. Оние што треба да го гонат – шуруваат со него. Ова говори за потчинетоста на мала група судии и обвинители кон Филипче и неговиот ментор Заев.

Ние нема да дозволиме вистината да се забошоти. Ќе бараме целосна истрага и одговорност за секој што придонел за оваа трагедија и за сите сомнителни зделки во здравството.