Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Манасиевски: Филипче да престане да води политика во корист на Бугарија, а на штета на Македонија

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, треба веднаш да престане со водење на потчинета политика, односно политика која одговара на Бугарија, а штети на Македонија во нашиот билатерален спор, кажа Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. Од Бугарија се радуваат кога гледаат дека во Македонија има мала група на политичари, како што […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, треба веднаш да престане со водење на потчинета политика, односно политика која одговара на Бугарија, а штети на Македонија во нашиот билатерален спор, кажа Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Од Бугарија се радуваат кога гледаат дека во Македонија има мала група на политичари, како што се СДСМ предводени токму од Венко Филипче, кои за власт би ги распродале и државните интереси.

Проблемот кај оваа мала група на политичари како Венко Филипче кој е и уценет од Бугарија, е што води иста политика која е на иста линија со Румен Радев и со тамошните власти. Филипче води штетна политика која нанесува огромна штета на Македонија, но исто така му штети и нему, а и на СДСМ.

Реклама

И додека поранешни негови соработници велат дека не треба секој ден да излегува на прес-конференции и да бара уставни измени бидејќи со тоа покажува колку е тој очаен и безидеен, уценетиот Венко Филипче пак и денес со сигурност ќе излезе на прес-конференција и ќе рече дека уставните измени се решението и веќе утре сме дел од ЕУ.

Почитувани граѓани,

На Бугарија не и се брза, тие декади чекаа да дојде некој како Зоран Заев, па не им е проблем повторно да чекаат некој сличен во случајот како Венко Филипче.

Линк од видео материјал: