Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Македонија

Манасиевски: Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат – вака ССМ работи по насока на СДСМ

Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат – вака ССМ работи по насока на СДСМ. Протестите на ССМ, поддржани од СДСМ и Левицата, покажаа дека не се поддржани од работниците, кои веќе се свесни дека некој од врвот на ССМ јасно ги искористува, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Синдикалците на батерии, како Слободан Трендафилов, Иван Пешевски и Трпе Деаноски, кои земаат над 80.000 денари плата од работниците и дополнителни додатоци во висина над милион денари во само една година, добиени од џебот на работниците, не го прифаќаат новиот колективен договор со кој минималната плата на административните службеници ќе се искачи до 600 евра за само две години од денес.

Предлогот од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите за 40 % или над 10.000 денари до 2028 година, не е прифатлив од ССМ, Трендафилов, Пешевски и за Деаноски, само затоа што не сакаат да го потпишат новиот колективен договор предложен од Владата, со кој работниците ќе добиваат зголемување на платите според Законот за минималната плата и дополнително 8 % на добиената сума, со што би се дошло до зголемување од 40 % до 2028 година.

Реклама

Да резимирам, ССМ бара 600 евра минимална плата, добива – и ја одбива. Бара 100 евра повисока плата, добива и повеќе – и ја одбива. Само затоа што се политички заробеници на оние што ги поставиле да бидат таму а тоа е СДСМ.

Ги повикуваме ССМ, Трендафилов, Пешевски и Деаноски да ги оттргнат канџите во кои се заробени од СДСМ и Левица и да го прифатат предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 600 евра минимална плата за административните службеници во 2028 година.

Прашање: Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Филипче и СДС за 600 евра минимална плата?

– Токму со ова барање се покажа кој стои зад ССМ и нивните барања, а тоа е СДСМ и Левица. Меѓутоа, барањето на СДСМ за 600 евра минимална плата е крајно несериозно, популистичко и без никакви претходни факти и аргументи. Вчера бевме сведоци на тоа дека претседател на партија, во случајот Венко Филипче на прес-конференција излезе крајно неспремен, предложи Закон за 600 евра минимална плата, без претходно тој закон технички да му биде  спремен, да има увид колку средства би биле потребни од буџетот и на кој начин би стигнал до истите и слично. Е ова е чист доказ дека СДСМ нема ниту програма, ниту визија како да ги промени работите. Меѓутоа излегоа на прес-конференција расфрлија со пердувите и сега треба да одговориме на тоа. Навистина крајно несериозен пристап од страна на опозицијата. Имаа 7 години време минималната плата да ја искачат до 600 евра. Тоа не го направија, но затоа ги наполнија своите џебови.

Е сега отворено, еве прашуваме до јавноста, колку работници во фирмите на Заеви земаат минимална плата? Според нашите сознанија и информации со кои располагаме, вработените во фирмите на Заеви земаат плата во вид на минимална – вели Манасиевски.