Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака, додека 10 илјади луѓе умреа во КОВИД пандемијата тој печалеше за себе

Во модуларната болница живи изгореа 14 лица. Тогаш Венко Филипче беше министер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во модуларната болница живи изгореа 14 лица. Тогаш Венко Филипче беше министер за здравство, а Кочо Анѓушев чија компанија ја градеше болницата беше вицепремиер во истата влада на Заев. Епилогот од ова е една година затвор и симболична одговорност на периферни и неважни ликови за овој случај, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, воедно додека Филипче е министер за здравство се случува КОВИД криза каде животите ги губат 10 илјади наши сограѓани. Имаше целосно отсуство на протоколи, на ресурси и вакцини за успешно справување со КОВИД кризата, додаде тој во денешната прес конференција.

„Констатацијата би била дека ова беше елементарна непогода во целиот свет, но додека оваа елементарна непогода се случуваше во целиот свет, само во Македонија Венко Филипче, договараше провизии за себе преку набавка на вакцини од Кина, градеше хациенда на Водно од компанија која победува на тендери во Клинички центар, и му се случи погромот на Онкологија каде главен и единствен профитер беше веледрогеријата Пановски.

Реклама

Ќе потсетиме, Филипче преку фирмата Стабри Интернешенал од Хонг Конг формирана само три месеци откако СДСМ дошле на власт во 2017-тата година сакаа да купат вакцини од 100% поскапо од тоа што ги плаќаа другите држави. Додека другите држави купуваа кинески вакцини најмногу по 30 долари, Филипче сакаше преку посредничка фирма да плати 62 долари, што е најмалку 100% повеќе.

Во ек на пандемија, Филипче не можеше да набави ракавици, маски, средства за дезинфекција, а да не зборуваме за набавка на вакцини. Не само што последни набавивме, бидејќи Филипче сакаше да си прави бизнис и да ги набавува од фантом фирма по двојно поскапа цена, туку и оние што ги добивавме на почеток беа на база на донации.

Заради лошото менаџирање на Филипче во здравството, граѓаните одеа во соседни држави за да се вакцинираат. Заради лошото менаџирање на Филипче во здравството, починаа приближно 10 илјади луѓе. Заради лошото менаџирање на Филипче во здравството, бевме на врвот во светот по смртност од КОВИД по глава на жител. Дали Филипче и за ова не чувствува вина? Додека нам не лажеше дека само што не стигнале вакцини, Филипче зад грб сакаше да печали на маката на граѓаните“, додае Манасиевски.

Ако Заев беше главниот ограбувач на народот, неговата десна рака е Венко Филипче. Венко Филипче во КОВИД кризата се однесуваше како воен профитер. Луѓе умираа, а тој печалеше на вакцини, тендери и договори во 4 очи, изјави Манасиевски.

Затоа денес Венко Филипче нема кредибилитет. Тој е само продолжена рака на криминалот на Заев. СДСМ е синоним за криминал, предавства и корупција, додаде во изјавата Манасиевски.