Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Манасиевски: Афера-Провизии кои чинат живот, модуларната болница на Филипче во моментот кога изгорела немала одобрение за поставување и употреба

Венко Филипче е главниот лик во аферата „Провизии кои чинат животи“. Тој,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче е главниот лик во аферата „Провизии кои чинат животи“. Тој, иако не смеел, дозволил изградба на модуларни болници со неогноотпорни материјали, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче ги направил модуларните болници буквално како картонски кутии, запаливи за секунда.

Имено, Артан Етеми, поранешниот економски директор на Тетовската болница, кој е осуден на 1,5 година затвор за случајот со модуларната болница, до последен момент одбивал да ја прими и да ја пушти во употреба модуларната болница.

Реклама

Откако вчера обелоденивме дека е направен скандал во здравството со противзаконското поставување на модуларни болници низ целата територија на Македонија, каде што за жал загинаа 14 луѓе, денес продолжуваме со нови информации за вистината за модуларната болница.

Да потсетиме, болниците кои биле набавени и поставени како стоки – кои во ниту еден случај не можат да бидат користени како објекти за здравствена дејност – биле направени според техничка спецификација на лице поставено од Венко Филипче.

Зошто повторно го споменуваме ова? Затоа што повеќето директори на болници низ целата Македонија се противеле на поставување на модуларни болници, бидејќи немало приклучоци, немало надзор, немале средства за да платат приклучоци, да ангажираат фирми итн.

Во овој дел, Светска банка барала да види одобренија за поставување и употреба на модуларните болници и извод од Катастар, со цел за да се покаже одржливост на проектот. Но, одобрение не можела да издаде ниту општината, ниту Министерството за транспорт и врски, бидејќи не е запазена процедурата и одредбите од Законот за градење.

Катастарот одбивал да врши упис на истите, бидејќи се набавени како стоки и нема извештај од надзор согласно член 74 од Законот за градење за да се запишат, а Катастарот врши упис само на недвижности.

Економскиот директор на Тетовската болница, каде што се случи пожарот, до последен момент се противел на поставување на модуларните болници, бидејќи не се опремени за да се издава здравствена и медицинска нега ниту пак биле во рамките на законските прописи. Сепак, со одлука на Министерството за здравство и тогашниот министер Венко Филипче, модуларните болници се пуштаат во употреба.

Клучен факт е дека во моментот на критичниот настан, модуларната болница во Тетово нема одобрение ниту за поставување, ниту за употреба од Министерството за здравство. Болницата изгорела за неполни две минути, за што има и снимки, листа на документи и докази кои Јавното обвинителство ги крие.

Венко Филипче дозволил пациенти со тешка клиничка слика да се лекуваат во објекти кои не можеле да служат за ништо друго, освен како настрешници.

Се поставува прашањето: Дали Јавното обвинителство го штити Филипче? Зошто обвинетите поранешни директори на Тетовската болница рекоа дека вистинскиот виновник треба да седи до нив на обвинителната клупа, а тоа е Венко Филипче?

Зошто Филипче е изземен од целата оваа ситуација? Дали судиите одработуваат за него, во знак на благодарност за можноста да бидат избрани?

Вистината за модуларната болница, јавноста заслужува да ја дознае.

Продолжуваме и утре во 12 часот со нови скандали поврзани со договорите помеѓу Министерството за здравство и носителот на набавката, рече Манасиевски.