Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Македонско друштво „Илинден”-Тирана, единаесет години рамноправен член на ФУЕН

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, денеска одбележува единаесет години од приемот за рамноправен член…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, денеска одбележува единаесет години од приемот за рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), највисоката малцинска организација во Европа. 

-Нашето друштво стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на ФУЕН на конгресот што се одржа на 15 мај 2015 година во Комотини, Грција. Од тогаш до денес, дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија- изјави Никола Ѓурѓај, претседател.

Покрај тоа, додава тој, редовно учествуваат на сите конгреси на ФУЕН, на кои поднесува резолуции чија содржина и цел е подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите едногласно биле усвоени.

Реклама

-Истите се доставени до сите државните албански и меѓународни институции, кои се поврзани со малцинствата, а со кои  се придонесува за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија. Во функција на рамноправен член во ФУЕН и како дел од работната група на словенските малцинства (АГСМ) активно го подига прашањето за Македонците во Република Албанија на меѓународната сцена- нагласува Ѓурѓај.

Изразува искрена благодарност до раководствата на ФУЕН и АГСМ за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада и и неговиот претседател Бил Николов за поддршката. 

Македонското друштво „Илинден“ е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, негова главна мисија е заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија.