Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Македонскиот КИЦ во Загреб со уште еден културен успех – преполна сала за „Историја на македонската рок-музика“

Пред многубројна публика во македонскиот КИЦ во Загреб се одржа аудиовизуелно предавање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред многубројна публика во македонскиот КИЦ во Загреб се одржа аудиовизуелно предавање „Историја на македонската рок музика“ на Тошо Филиповски. Вечерта посветена на рок-музиката и рок-културата предизвика голем интерес кај публиката, која, покрај предавањето, имаше можност да ја разгледа и поставената изложба.

На настанот присуствуваа високи претставници на дипломатскиот кор, локалните и државните институции, почитувани гости и многубројна публика.

На почетокот на настанот, директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, им се обрати на присутните претставувајќи го гостинот на вечерта Тошо Филиповски и осврнувајќи се на неговото богато творештво и долгогодишна посветеност во истражувањето, документирањето и афирмацијата на македонската рок-музика. Таа истакна дека неговото повеќедецениско истражување претставува непроценлив придонес во зачувувањето на современото македонско музичко наследство и колективната културна меморија.

Реклама

Со пригодно обраќање потоа се обрати и амбасадорот на Македонија во Република Хрватска, Драган Ѓурчевски, кој им посака срдечно добредојде на присутните и ја истакна значајната улога на македонскиот КИЦ во Загреб во афирмацијата на македонската култура во Хрватска.

Тој нагласи дека КИЦ токму преку ваквите програми успешно ја реализира својата мисија на промотор на македонската култура и културната дипломатија придонесувајќи за продлабочување на културните врски и пријателството меѓу Македонија и Хрватска.

Преку богатата аудиовизуелна презентација, проследена со ретки фотографии, видеоснимки, музички записи и многубројни интересни сведоштва, публиката имаше можност да проследи повеќе од шест децении развој на македонската рок-сцена – од нејзините почетоци во шеесеттите години на минатиот век, па сѐ до денес.

Како автор на капиталните изданија „Македонска рок-енциклопедија 1963 – 2018“, „Македонска дискографија – винили“, „Македонски рок-времеплов“, монографијата „Мизар – Откровенија“, биографијата ГОТРА и најновата монографија „Суперхикс – Хроника на една гласна иронија“, Тошо Филиповски создаде непроценлива документарна граѓа за развојот на македонската рок-сцена.

Покрај својот авторски труд, со години дејствува како новинар, уредник, радиоводител, телевизиски автор, организатор на фестивали, издавач и промотор давајќи исклучителен придонес во зачувувањето на колективната меморија и современото музичко наследство на Македонија.

По гостувањето во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, својата аудиовизуелна презентација ја продолжи во Риека, Пула, Сплит и Дубровник овозможувајќи ѝ на публиката во овие градови да се запознае со богатото наследство на македонската рок-музика и рок-култура.

Вечерта посветена на македонската рок-музика се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам.