Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Македонскиот јазик и идентитет ги погоди Бугарите: Бараат смена на Томас Вајц

Не попушта притисокот врз европратеникот Томас Вајц. Бугарија не може да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не попушта притисокот врз европратеникот Томас Вајц. Бугарија не може да се соочи со фактот што Македонија, со новата владина политика, успеа да го зацементира идентитетот и јазикот во документ на Европскиот Парламент, па по обвинувањта за поткуп и работење во полза на нашата држава, сега се бара и негова смена и официјално отварање на истрага за конфлкит на интереси. Премиерот Мицкоски смета дека стравот на Бугарите потекнува поради драстичната промена на дипломатската политика на неговата влада.

-Уплашени се затоа што знаат дека оваа генрација, оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во изминатите година дена нецели, врати голем дел од позициите на меѓународен план, тоа што овие од СДСМ го продадоа. И денеска со гордост ја раскажуваме нашата приказна за Македонија и во Минхен, победуваме и во Берлин, и во Лондон, и во Брисел, и во Вашингтон зборуваме за нашата Македонија, тоа ги боли, изјави Мицкоски.

Додека заменичката на бугарскиот претседател Румен Радев, Илијана Јотова, бара негова смена, бугарскиот европратеник Илија Лазаров сега бара официјлано да се отвори и истрага за известувачот Вајц.

Реклама

-Треба да се спроведе истрага за конфликтот на интереси на известувачот на ЕУ за напредокот на Македонија, Томас Вајц. Неговиот извештај содржи еднострано презентирање на фактите, непријавување на состаноците што ги одржал и постојано протекување на информации. Внатре се зборува за антички македонски јазик, античка македонска нација. Овој извештај не е предмет на етничка, историска анализа, ниту е предмет на лингвистичка анализа. Тоа се работи што не се прашање за ЕУ, изјави Лазаров.

Расправата по извештајот, каде за прв пат се користат термините македонскиот јазик и идентитет, е закажана на 24 јуни во Европскиот Парламент. Овој извештај се смета за победа на македонија, која започна дипломатската офанзива за да ја увери Европа дека Бугарските барања немаат ништо врска со европски принципи, туку со негирање на македонскиот идентитет и јазик. Ваквите дипломатски активности на Македонија, очекувано му пречат на контроверзниот бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

-Премиерот на Македонија имаше најмалку 4-5 настапи во медиумите во последната недела, во кои рече дека со месеци соработувал со известувачот и дека постигнал целосен успех – дека ЕП ќе го признае и докаже вековниот посебен македонски идентитет, јазик, историја, култура, вели Ковачев.

Вајц претхдоно кажа дека стои зад извештајот кој го подготвил. Порача дека Македонците се Македонци, а македонскиот јазик е македонски. Побара конструктивност и поддршка од европратениците за извештајот за напредокот на земјава.

Матеја Петровски