Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесностЛУЧНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА  – ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ, КРАЈНА НЕИЗВЕСНОСТ

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Македонски ученици на Медитеранскиот СТЕМ-натпревар во Атина со проекти за „човечка“ вештачка интелигенција

Решенија на проблем од секојдневието, со задача да направат ретроспектива за тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Решенија на проблем од секојдневието, со задача да направат ретроспектива за тоа како се решавал во минатото, како го решаваме денес и како вештачката интелигенција би помогнала да се реши, е задачата за над 400 тимови од осум земји, меѓу кои и нашата, на Медитеранскиот СТЕМАТЛОН натпревар што се одржува во Атина, а оваа година е насловен „Кога луѓето би биле единствената вештачка интелигенција“.

Дописничката на МИА од Атина го посети Медитеранскиот СТЕМАТЛОН натпревар, оваа година многу поброен и поголем, на кој нашата земја учествува со 23 ученици од основни училишта од македонската СТЕМ Академија, кои се поделени во пет тима.

Учениците, но и нивниот тренер-едукатор Љубчо Јованов, очекуваат дека и овој пат од Грција ќе си заминат со награди, бидејќи се задоволни од сработеното.

Реклама

-Супер се снајдоа учениците. Идеи имавме многу, иако некако сите одеа директно на имплементација на вештачка интелигенција, меѓутоа направивме добри ретроспективи, опфативме сектори од живеењето, започнувајќи од транспортот, одгледување овошје и зеленчук, храна, заштита од природни непогоди, заштита на значајни објекти, лабораторија или некои објекти во кои би чувале од бактерии, за заштита од непогоди, зголемена температура и сл. Ние се трудиме проектите да бидат навистина детски, како возрасни не вложуваме напори тоа да биде визуелно спектакуларно, туку работиме на тоа децата навистина да знаат што сработиле и која е целта на тоа што го работат. Така што очекувам дека ќе има награди, изјави Јованов.

Дополнително, објаснува дека задачите кои учениците ги одбрале даваат решенија на актуелни и секојдневни теми.

Едната тема е градежништвото и градежната механизација и учениците вовеле кран што може и да крева и спушта тежина, да се ротира во круг, но има и сензор, доколку товарот што е ставен на кранот не е урамнотежен, со цел да се спречи  несреќа.

Вториот проект е паметна железница каде што постои воз што има сензор да детектира препреки и со тоа, како што објасни Јованов, сакале да превенираат ако има нешто долж пругата, возот да застане, а вовеле и рампа што се спушта хоризонтално за да може возот да застане на станици каде што има само патници за да се симнат или да се качат.

Третиот проект е стаклена градина или оранжерија, каде што мерат осветленост, кога е темно да се пушти светло, воведени се сензори за загревање на просторијата, ако е многу топло да се вклучи вентилатор, мерат и влажност на почвата за, доколку е потребно, да се дотури вода. Паралелно, имаат и ВИ камера која детектира дали растенијата се пожолтени и постои врата што се отвора само на допир.

Четвртиот проект е заштита од поплави и одрони на земјиште, каде што учениците вовеле брана со сензори што детектира зголемено ниво на водата, но и тресење, при што алармира за опасност.

Петтиот проект е заштита на магацин, каде што се чуваат заштитени работи и се штитат од зголемување на температурата, да не дојде до експлозија на запалливи материи. Доколку настане земјотрес, постои херметичка врата која се затвора за, доколку нешто се скрши, да не излезе надвор и да не се прошири ако е тоа вирус, бактерија и сл.

Натпреварот утрово беше свечено отворен, сите држави има претставување со песна од нивната земја, а македонските ученици ја избраа „Ангел си ти“ од Тоше Проески.

Од ланскиот Медитерански СТЕМАТЛОН натпревар во Атина македонските ученици се вратија со пет награди.