Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Македонската или косовоската- за која влада работат функционерите од ДУИ?

Чиј министер е Крешник Бектеши? Македонски или косовски? Платата ја добива од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чиј министер е Крешник Бектеши? Македонски или косовски? Платата ја добива од буџетските пари на граѓаните на Македонија, но неговите потези го отвораат прашањето чии цели застапува тој. Имено, министерот за економија, го откажа своето присуство на форумот за енергетика во Молдавија, а причината е поради тоа што таму не била поканета Република Косово.

Се отворија дилеми, што се крие зад ваквата одлука на Бектеши. Дел од експертите сметаат дека станува збор за предизборна кампања. Дека станува збор за додворување до гласачите согласен е аналитичарот Арменд Нухиу.

-Тој е министер од ДУИ, која е владејачка партија која собира етнички Албанци. Мислам дека е разбирлива солидарноста на македонските Албанци со позицијата на Косово. Мислам дека со овој потег министерот сака да алармира на меѓународна војна на регионално ниво, дека Косово треба да биде вклучено во сите регионални иницијативи како независна држава, вели Нухиу за Алфа.

Реклама

Ова не е прв пат функционерите на ДУИ да ги ставаат интересите на Косово, над македонските. Претходно и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, не присуствуваше на конференција во Босна и Херцеговина, бидејќи таму не беше повикана Косово. На новинарско прашање тој денеска изјави дека не знае дали за ваквите потези има поддршка од коалициониот партнер СДСМ.

-Косово има право на вето во одлучувањето на Енергетската заедница како и секоја друга држава. Така да нема логика да има состанок на Енергетската заедница без земја која што има право на вето, тоа е како да се свика Европскиот совет, а да не се викне една земја членка на Европската унија… Јас не сум портпарол на СДСМ, јас сум на ДУИ, изјави денеска Османи.

Форумот за енергетика се одржува на 12 и 13 декември во Молдавија, а досега освен Македонија, ниту една друга земја од регионот, меѓу кои и Албанија официјално го нема откажано своето учество.

Матеја Петровски