Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Македонската филхармонија и Дурловски со триумф во Златната сала на Музикферајн во Виена

Македонската филхармонија го одбележа својот голем јубилеј – 80 години од основањето,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската филхармонија го одбележа својот голем јубилеј – 80 години од основањето, со свечен концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена, еден од најпознатите музички центри во светот, каде традиционално се одржува и прочуениот новогодишен концерт на Виенската филхармонија.

Како солисти настапија Ана и Игор Дурловски, кои со својата извонредна интерпретација предизвикаа воодушевување кај публиката во преполната сала. Дурловски маестрално ги изведоа македонските песни Кажи Анѓо, Дејгиди луди млади години, Калино моме и уште неколку познати композиции, сите во уметнички аранжмани на композиторот Сони Петровски.

Во вториот дел од концертот, Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски изведе дела од Антонин Дворжак и Бете Илин, додека на бис беше повторно изведено Тешкото од Глигор Смокварски – изведба која предизвика силни емоции и бурни реакции кај присутните.

Реклама

Публиката, како што објавија од Филхармонија, ја награди изведбата со долготрајни стоечки овации, со што концертот прерасна во вистински триумф на македонската музичка уметност.

Настапот во Музикферајн претставува значаен момент во историјата на Македонската филхармонија и потврда за нејзиниот висок професионален и уметнички квалитет. Со ова гостување, оркестарот уште еднаш ја афирмира нашата  како земја со богата музичка традиција и врвни уметници.

Солистите Ана и Игор Дурловски, музичарите и менаџментот на Македонската филхармонија достоинствено и инспиративно ја претставија македонската култура на една од најпрестижните светски сцени – Златната сала во Виена.

Дурловски на неговиот фејсбук профил објави за впечатоците од настапот на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена, и дом на Виенската филхармонија.

-Со Македонската филхармонија имавме концерт синоќа во „Златната сала“ на „Музикферајн“ во Виена, каде музиката ја надмина географијата и стана универзален јазик на радоста и достоинството. Овации од публиката, гордост, љубов и по некоја солза радосница… Честитки драги колеги филхармоничари, маестро Јерухам Шаровски и Сони Петровски за прекрасните аранжмани. Нека ни се множат убајни, напиша Дурловски на социјалната мрежа.

 „Музикферајн“ е дом на Виенската филхармонија, место на кое секоја година се одржува и традиционалниот Новогодишен концерт на 1 јануари. Концертната сала датира од 1870 година и е дело на данскиот архитект Теофил Хансен чиј дизајн е инспириран од грчката и римската архитектура. Централно место зазема „Златната сала“ со капацитет од 2.000 седишта, што е позната по својата неверојатна убавина и исклучителна акустика. „Музикферајн“ не е само симбол на Виена и нејзиното богато музичко наследство, туку и центар на светската класична музичка култура. На сцената на „Музикферајн“ низ историјата настапиле најзначајните светски солисти и диригенти – Херберт фон Карајан, Леонард Бернштајн, Клаудио Абадо, Артур Рубинштајн, Владимир Хоровиц, Даниел Баренбојм, Сајмон Ратл, Рикардо Мути, Густаво Дудамел, Ана Софи Мутер, Ланг Ланг, Јо-Јо Ма…, но, и композитори како Јоханес Брамс, Антон Брукнер, Густав Малер и Рихард Штраус, кои токму на оваа сцена ги воделе првите изведби на многу од своите музички ремек-дела,наведуваат од Македонската филхармонија.

Настапот на Македонската филхармонија во Виена е поддржан од македонската Амбасада во Австрија, како дел од проектот за културна дипломатија и интернационална промоција на македонската уметност.