Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

„Македонска пошта“: Обезбедена е плата за сите вработени, штрајкот е политички мотивиран

„Македонска пошта“ соопшти дека го смета за крајно тенденциозно и несериозно и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Македонска пошта“ соопшти дека го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организиарањето штрајк во услови кога е обебзедена плата за сите вработени.

– Крајно тенденционо и несериозно е органирањето штрајк од страна на еден од Синдикатот на вработените во „Македонска пошта“ во услови кога за сите вработени платата е веќе обезбедена. Од тие причини веруваме дека штрајкот е политички мотивиран, а вработените се манипулирани, со што се нарушува нормалното функционирање на претпријатието – порачуваат од „Македонска пошта“.

– Би сакале да потенцираме дека Синдикатот е навремено информиран, уште еднаш потенцираме – навремено информиран – дека проблемот е решен и дека за сите вработени има обезбедено плата. Но во разочарување мораме да констатираме дека вработените се злоупотребени од одредени политички структури кои тенденциозно се обидуваат да го нарушат работењето на „Македонска пошта“ – информираат од претпријатието.

Реклама

Од таму посочуваат дека се во постојана комуникација и координација со Владата и со „заедничка соработка, во континуитет ги наминуваме сите проблеми што настануваат во тековното работење“. 

– Залагајќи се за разрешување на сите настанати состојби, упатуваме апел до сите синдикални организации да се вклучат во решавањето на сите предизвици со кои се соочува нашето претпријатие, без да бидат провоцирани и манипулирани. Уште еднаш потенцираме дека „Македонска пошта“ работи со полн капацитет, а во наредниот период ќе работиме на подигнување на ефикасноста на „Македонска пошта“ и услугите кон сите комитенти – потенцираат од „Македонска пошта“.