Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Македонска берза одбележува јубилеј – 30 години од првиот ден на организирано тргување со хартии од вредност

Македонска берза АД Скопје денеска одбележува јубилеј – 30 години од првиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонска берза АД Скопје денеска одбележува јубилеј – 30 години од првиот ден на организирано тргување со хартии од вредност во Македонија.

По повод јубилејот, Македонска берза АД Скопје во хотелот „Мериот“ во Скопје организира вечера посветена на три децении развој на пазарот на капитал, партнерства и заеднички достигнувања  

Мисија на Берзата е да обезбеди ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање на организираниот секундарен пазар на хартии од вредност во Македонија, преку перманентно настојување на сите инвеститори да им обезбеди влез, односно излез од финансиските инструменти со кои се тргува на различните берзански пазари по фер пазарна цена, да им помогне на трговските друштва да привлечат нов капитал за финансирање на нивниот развој и да придонесе за градење доверба во македонскиот пазар на хартии од вредност.

Реклама

Основачкото Собрание на Македонска берза АД Скопје е одржано на 13 септември 1995 година, а на 28 март 1996 година, во Македонија за прв пат заѕвони берзанското ѕвоно и се одржа првиот ден на тргување на Берзата. 

Почетокот на работата на Берзата го означи тогашниот Претседател на Македонија, Глигоров. На Берзата се тргуваше два пати во неделата, во вторник и четврток. 

На 16 октомври 1996 година, Македонска берза беше примена како полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи. Во историјата ќе остане запишано дека Македонска берза АД Скопје ја основаа 19 правни лица, од кои 13 банки, 3 осигурителни друштва и 3 штедилници.