Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Македонка и нејзиното бебе брутално се убиени во Швајцарија, а главен осомничен е сопругот од Охрид

Македонка и нејзиното бебе брутално се убиени во Швајцарија, а главен осомничен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонка и нејзиното бебе брутално се убиени во Швајцарија, а главен осомничен е нејзиниот сопруг од Охрид, кој по чинот се обидел да изврши самоубиство.

Имено, во швајцарскиот град Живисиe, во саботата попладне се случила голема трагедија во која беа убиени 30-годишна Македонка и нејзиното шестнеделно бебе. За убиствата е осомничен нејзиниот сопруг – 43-годишен маж со потекло од Охрид, кој живеел во Швајцарија со бугарски пасош. Тој по убиствата се обидел да изврши самоубиство, но преживеал со полесни повреди и бил хоспитализиран под полициски надзор.

Швајцарската полиција ги пронашла мажот, жената и бебето во семејниот стан по дојава од граѓани. Жртвите, идентификувани како М.Т., родена 1995 година, и бебето Д.Т., родено 2024 година, биле прогласени за мртви на местото на настанот.

Реклама

Првичните информации укажуваат дека мажот, А.Т., роден 1982 година, го признал убиството на сопругата. Јавното обвинителство на кантонот Фрајбур отвори истрага за двојно убиство со умисла.

Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека било информирано од швајцарските власти и дека Амбасадата во Берн е во контакт со локалните институции и семејството на жртвите. Иако во Швајцарија бил пријавен како бугарски државјанин, осомничениот е со македонско потекло.