Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Македонисти и информатичари дебатираа за тоа како побргу да се развијат дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик

По повод Денот на македонскиот јазик професори од Факултетот за информатички науки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Денот на македонскиот јазик професори од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Филолошкиот факултет, Институтот за македонски јазик, претставници на Министерството за дигитална трансформација и други денеска одржаа работилница на која главен фокус беше како што побргу да се развијат дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик.

Притоа проф. д-р Димитар Трајанов, зборуваше за проектот „Везилка“, преку којшто се гради инфраструктура за развој на големи јазични модели за македонскиот јазик и кој е дел од еден поголем проект за вештачка интелигенција на Европската Унија. 

Проф. д-р Симона Груевска-Маџоска, координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик, рече дека едно од приоритетните прашања е и дигитализацијата и оти од интерес на сите во нашето општество е побрзо и посериозно да работиме на развојот на дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик.  

Реклама

Претставувајќи го проектот „Везилка“ проф. д-р Трајанов рече дека тој е дел од еден поголем проект на ЕУ за AI Factories (Фабрики за вештачка интелигенција) и претставува значаен чекор за зајакнување на националните дигитални капацитети и интеграција во европската истражувачко-иновациска инфраструктура. Има за цел да изгради национален екосистем за одговорна и доверлива вештачка интелигенција, насочен кон примена во пет клучни сектори: Здравство – подобрување на медицинските услуги и анализа на здравствени податоци, Енергетика – оптимизација на производство и потрошувачка на енергија и предвидување на побарувачката, Јавна администрација – автоматизација на административни процеси и зголемена транспарентност, Јазик и култура – развој на македонски јазични модели и дигитална заштита на културното наследство и Земјоделие – примена на паметни технологии за модерно и одржливо земјоделство.  

Во делот на македонскиот јазик, проф. д-р Трајанов истакна дека сите мора да се вклучиме во развивање на македонскиот јазичен модел, како и дека сега од сите јазици во интернет просторот застапеноста на македонскиот јазик е 0,01 отсто. Повеќе содржини на македонски јазик мора да бидат отворени за да може да станат дел од македонскиот јазичен модел, а како што беше посочено, се работи и на законски измени во делот на авторските права, со коишто би се овозможило постојано зголемување на македонскиот јазичен фонд.     

Доц. д-р Николче Мицкоски, член на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик, зборуваше за јазичните ресурси за корпус на македонскиот јазик, а беа посочени и проблемите со кои се соочуваат лингвистите при правење на овие корпуси. 

Работилницата организирана на ФИНКИ беше добра можност и јазичарите и информатичарите, но и дел од институциите да ги споделат начините како би можеле меѓусебно да соработуваат. Една од заедничките констатации беше дека на дигиталниот јазичен фонд мора да се работи бргу бидејќи тука доцниме.