Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Македонија во пламен: Најкритично е на планината Серта, каде се одвива најголемата акција за гаснење

Беснеат пожарите во неготинскиот регион. Поради високите температури, и веќе локализираните пожари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Беснеат пожарите во неготинскиот регион. Поради високите температури, и веќе локализираните пожари повторно се разгоруваат. Се гасне од воздух и од копно.

Најтешка задача имаат пожарникарите, полиција и армијата како и локалните друштва и населението кое помага на терен за локализирање на силните пламени јазици. Во тешко пристапните терени, жешкото време и темпетурите над 40-тиот степен само дополнително им го отежнуваат ганењето.

Пожарите на планината Серта од страната на Неготино е во најкритична состојба, потврди и првиот човек на ЦУК, Ангелов.

Реклама
  • „Се работи за долга линија од триесетина километри, на која има одредени жешки точки, Се обидуваме да ги изгаснеме“, вели Ангелов.

На пожарите низ цела Македонија се интервенира од воздух со сите хеликоптери и ер-трактори кои ги има земјава, но и со странската помош кој пристигна. Активиран е и хеликоптерот од Србија кој е со носивост до 5 тони вода, а втор ден пожарите ги гасат и двата ер трактори и хеликоптерот кој пристигнаа од Турција. Заедно со нив, десетици тони вода врз пожарите истураат и се три ер трактори на ДЗС, еден хеликоптер на МВР, два хеликоптери на АРМ.

  • „Во текот на денешниот ден ќе пристигнат два хеликоптери од Словенија, еден канадер од Хрватска, еден хеликоптер од Црна Гора, а утре ќе имаме плус еден голем хеликоптер МИ 171 на МВР кој беше на сервис“, информираше Ангелов.

Регионалниот пат Штип – Неготино веќе неколку дена е затворен бидејќи според проценките и ширењето на пожарите не е безбеден за користење.

Во неготинско Пепелиште дојде и претседателката Сиљановска Давкова која беше на брифинг во касарната и како што посочуваат од Вила Водно оддала признание на сите припадници на Армијата кои професионално и посветено се ангажираат во справувањето со пожарите.