Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Македонија со најмала помош за компаниите

Од земјите во регионот Македонија со најмала помош за компаниите. Ова го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од земјите во регионот Македонија со најмала помош за компаниите. Ова го покажува Анализата на Националната алијанса за локален економски развој. Претседателката на Сојузот на Стопански комори на Македонија која ги сподели податоците наведува дека најголем пакет за економска поддршка дава Србија, и таа изнесува високи 11 проценти од бруто домашниот производ.  По неа е Бугарија со 9,9% од БДП и Грција со 5%. Хрватска и Босна се со приближно исти одвојувања од нешто повеќе од 3% од БДП.  Според анализата, Албанија издвоила 1,3%, додека последна на листата е Македонија со 1,2% поддршка.

Во овој момент, додека се соочуваме со предизвикот за справување со пандемијата, пакетот за економски спас не е доволен, ниту доволно брзо достапен за да создаде услови за навремено закрепнување“, вели Данела Арсовска во нејзината последна колумна за Слободен печат.

Според неа финансиската помош во цел свет е главно во вид на субвенции, кофинансирање на фирмите  или грантови, додека кај нас помошта е во форма на позајмици и кредити.

Реклама

Лидерот на СДСМ вчера најави трет пакет мерки за кои се шпекулира дека предвидуваат на неколку категории да им се дава директна инјекција од 10 илјади денари за да се стимулирала потрошувачката.

Но според Арсовска би било добро да се има предвид дека во оваа криза поголем проблем е понудата отколку побарувачката.

Тие мерки за спас потребно е, пред сė, добро да се осмислат пред да се објават, бидејќи честото менување создава недоверба кај граѓаните, креира слика дека не се знае што треба да се постигне и како да се дојде до крајната цел“, предупредува Арсовска.

Заев посочи дека третиот пакет економски мерки се уште е на ниво на дебата, но оти за него зелено светло веќе дал економскиот совет на СДСМ на кој учествуваат и Спасовски и Царовска.

Адријана Алексиеска