Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Македонија останува без музичари-фелата крајно разочарана што не и се дозволува да работи

Македонија полека останува без музичари. Речиси една година , музичката фела е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија полека останува без музичари. Речиси една година , музичката фела е најпогодена од пандемијата.Нема настапи,нема приходи-крајно разочарани што власта ги игнорира,многумина се збогуваат со музиката.За парче леб  бараат друга работа или размислуваат да  ја напуштат државата.Ова што се случува е велат неправда,оти не гледаат зошто не им дозволуваат да работат,кога има начини и за тоа.

“Сме имале по 4-6 настапи месечно најмалку.. Можеше музиката да биде во едно ќоше сместена, да се работеше за една дневница барем, за да можеме да опстанеме.Не за да профитираме, барем да може парче леб дома да се донесе“, вели Никола Хаџиев -музичар.

И угостителите,кои од почетокот ,први се на удар на пандемијата, едвај врзуваат крај со крај.Нивниот сектор велат е поврзан со музиката,која и тоа како влијае на посетеноста, а со тоа и на подобар профит,оти помошта од  државата е само да се задржи персоналот и толку.

Реклама

“Тоа е се дел од угостителството,дел од бизнисот и тоа има влијание.Сите угоститетли моментално се негативно настроени кон тоа,сакаат музиката да се врати,затоа што таа придонесува да имаме позиитивна недела на работа, месец или како и да е“, изјави Ненад Петровиќ- угостител.

Музичката и угостителската фела реагира дека за разлика од нив,многу други дејности и сектори,кои подразбираат фрекфенција на голема маса луѓе,продолжуваат со непречена работа.Затоа бараат разбирање од властите,а не за едни да бидат мајка,за други маќеа.

Милена Вучевска