Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Прилози

Македонија нема да биде повеќе слепо црево на Балканот: Со три коридори ќе се поврзе со Европа и светот

Македонија со трите паневропвски коридори наместо слепо црево, ќе стане центар на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија со трите паневропвски коридори наместо слепо црево, ќе стане центар на патната инфраструктура на Балканот, ќе се поврзе со Европа и светот, а со инвестициите во желензичката инфраструктура, се очекува за 10 пати  да се зголемат приходите во македонските железници. Преку договорот Влада со Влада и стратешкото партнерство со Велика Британија, државава инфраструктурно ќе се поврзе со сите пристаништа во регионот, порача премиерот Христијан Мицкоски. Вели дека во моментов траат анализи и физибилити студии за голем број пректи, а тој како инженер не би дозволил државата да влезе во авантура кој што нема да има позитивен крај.

-Тоа се коридорите осум и 10Д, кој што се пресекуваат на териотијата на нашата земја, а со отсечката која што планираме да ја направиме во делот на Струмица, од Беласица планина, односно од подножјето на Беласица планина и со коридорот 11. Со тоа ќе бидеме праткично поврзани со сите регионални пристаништа, во таа насока е и изградбата и модернизација на пругата која што е дел од Коридорот 10, физибилити студии и проекти има многу, изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека сите законски измени за стратешкото партнерство со Велика Британија ќе поминат на најтранспернетен начин во Собранието, односно нема да се прават злоупотреби какви што правела минатата власт, со цел да се спаси од одговорност за сторените криминали. Порачува дека Владата работи на транспарантен начин, особоено за договореното со Велика Британија.

Реклама

-Ние нема никогаш да си дозволиме во Парламентот на шверцески начин да усвојуваме закони со европско знаменце, како што беше оној закон за Коридорот осум и 10Д, нема никогаш да си дозволиме на шверцески начин со европско знаме повторно да поминуваме закони како што беа измените во Кривичниот законик, кога голем број од потенцијални политички осомничени или во процедура понатаму осудени лица беа аменстирани, вклучително и цела една гарнитура, изјави Мицкоски.

Во однос на начинот на задолжување премиерот кажа дека Министерството за финансии по претходно барање на Македонски Железници Инфраструктура, ќе се обрати до дваесеттина финансиски институции од светот  и ќе направи т.н мини тендер.

Вели дека нема да се дозволи да се повторат грешките на претходната власт, кога со една сомнителна одлука од 250 милиони евра, го зголемија буџетот за изработка на проектите на Коридорите 8 и 10Д, па тие на владина седница морале да го поништуваат тоа.

Матеја Петровски