Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Македонија има повеќе обвинители од ЕУ земји како Германија, Франција, Италија, Белгија и Финска, а во регионот од Албанија и Грција  

Македонија, во 2022 година имала 8,5 јавни обвинители на 100 илјади жители,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија, во 2022 година имала 8,5 јавни обвинители на 100 илјади жители, а во 2024 година, како што покажува последниот извештај на Советот на јавни обвинители, тој број е зголемен 9,2, со што полека се доближува околу просекот од 11,2 јавни обвинители на 100 000 жители во 44 земји што ги покрива последниот евалуациски извештај на Европската комисија за ефикасност на правдата ЦЕПЕЈ (CEPEJ) за правосудните системи од 2024, со податоци за 2022 година.  

Македонија по бројот на јавни обвинители на 100 илјади жители влегува во друштво на земји како Германија (7,7),  Белгија (7,5), Финска (7,9), Малта (8,8), Словенија и Луксембург (9,8) и Северна Ирска (9,3).

Бројот на обвинители на 100 000 жители варира значително од една земја до друга, од минимум 3,2 во Франција и Ирска, 3,8 во Италија до максимум 24 во Бугарија, Латвија и Молдавија.

Реклама

Како што се движиме кон исток на Европа, бројот на обвинители по жител има тенденција да се зголемува, со стапки генерално повисоки од 15 на 100 000 жители, иако има исклучоци и на североисток, како Финска и Шведска и на југоисток, како Албанија, Грција и Македонија.

Од земјите во регионот, според Извештајот на ЦЕПЕЈ, Грција има 5,7, а Албанија 7,2 јавни обвинители на 100 илјади жители. По што следува Македонија, па Словенија со 9,8, Србија и Босна и Херцеговина со по 10,4 јавни обвинители. Хрватска и Црна гора имаат по 16,2 и 16,6 јавни обвинители на 100.000 жители, додека Бугарија 23,9.

Разликата во бројот на јавни обвинители на 100 000 жители од земја до земја, ЦЕПЕЈ во Извештајот, го објаснува со тоа што 15 земји-членки и една држава набљудувач (Израел) имаат друг персонал со должности споредливи со оние на обвинителите, обезбедувајќи им поддршка на вторите.

Во Италија, „Вицепрокураторот“ им помага на обвинителите со сослушувања за помали прекршоци, студии на судската пракса и подготовка на барања за прекин на случајот.

Во Франција, „délégués du procureur“ се одговорни за спроведување алтернативни мерки на гонење и скратени кривични постапки (ordonnances pénales), следење на извршувањето на казните и учество во локалните политики за спречување на криминалот. Во 8 земји-членки и субјекти, овој број е многу значаен во споредба со бројот на јавни обвинители.

Во 2022 година, на секои 100 обвинители, има 35 вработени со споредливи функции во Австрија, 19 во Франција, 20 во Монако, 23 во Ирска, 76 во Италија, 361 во Малта, 24 во Холандија и 25 во Швајцарија.

Во Извештајот на Советот на Јавни обвинители, за работата на јавните обвинителства во 2024 година спроед правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во јавното обвинителство, предвидени се 1.126, од кои пополнети биле 371 место.

Со ова, во Македонија на 100 000 жители имало 20,1 јавнообвинителски службеници, додека според извештајот на ЦЕПЕЈ во 2022 таа бројка изнесува 20 и е над просекот, кој изнесува 14,7.