Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥Македонија и Косово со најскапи мобилни услуги во регионот

Македонија и Косово со најскапи телекомуникациски услуги во регионот. Ова го покажуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Косово со најскапи телекомуникациски услуги во регионот. Ова го покажуваат споредбите на ценовниците кои се јавно достапни.

Во Србија постпејт пакетите се движат од 10 до 25 евра, во Грција до 30 евра најскапите, Албанија од над 10 евра до 20 евра, во Косово претплатата за телекомуникациски услуги е од 10 евра до 43 евра. Во Македонија за постпејт се плаќа и до 50 евра. При пејд пакетите се поефтини, во  секоја земја има различни цени кои се движат од 5 па до 25 евра.

Во моментов од европските земји само Македонија и Албанија имаат два мобилни оператори и се обележани со црна боја на мапата поради недоволно развиена конкуренција во оваа област. Наскоро Македонија ќе добие и трет мобилен оператор, со што се очекува цените да паднат.

Реклама

“Па се надеваме дека цените ќе ги намалат, тоа е најважно за нас. Од услугите сме задоволни од досегашните оператори ама цените нормално, што се пониски тоа се подобри.. Кога ќе има уште еден оператор мислам дека ќе биде подобро, очекуваме цените да се намалат барем 30 проценти.”- изјавија граѓаните.

Во петок ќе се отвораат понудите од компаниите кои покажале интерес за влез на македонскиот телекомуникациски пазар, по што ќе следува јавно наддавање.

Во трка од она што е засега познато во јавноста влегуваат најмалку три оператори. Едниот е ОНЕ Македонија Телекомуникации, фирмата што унгарската 4 Ај Џи ја регистрираше во земјава, вториот  e& PPF Telekom Grup меѓунардна телекомуникациска и инвестициска групација која е активна во Бугарија, Словачка, Унгарија и Србија  и третиот, БИТСРИМ Мобајл, македонска фирма  за телекомуникациски и интернет услуги, која, според достапните информации, во моментов нема ниту еден вработен, ниту било какви приходи.

Унгарската „Фор ај џи“  важи за најсериозен играч.