Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Македонија ги одбележува двата Илиндена – најзначајни настани за македонската државност

Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, два најзначајни настани за македонската државност. 

Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“, по што ќе се одржи панихида во храмот „Св. Никола“. 

Следува голем народен собир на „Мечкин Камен“, каде ќе има церемонија на положување свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република, интонирање на химната и обраќање на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, по што следува културно уметничка програма, со настап на НУ „Танец“.

Реклама
На годинашната прослава на националниот празник Илинден претседателот на државата Стево Пендаровски треба да ја предводи делегацијата во Пелинце, претседателот на Собранието во оставка Талат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова годинава ќе се обрати на свеченоста организирана во Скопје пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто на плоштадот Македонија. Таа ќе положи цвеќе пред спомениците на Никола Карев, АСНОМ и Методија Андонов-Ченто.

Одбележувањето на 81-годишнината од Првото заседание на АСНОМ ќе се одржи во Меморијалниот центар во Пелинце каде ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Традиционално, како и секоја година, на 2 Август во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново ќе се одржи традиционалната 55. Светска македонска иселеничка средба и 46. Погранична дредба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Годинава се одбележуваат 123 година од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево, а последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули го означиле и крајот на Крушевската Република. 

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамки на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Меморијалниот комплекс АСНОМ е изграден во 2004-та година, по повод 60 годишнината од одржувањето на АСНОМ, по политичката одлука донесена по низата политички превирања кон крајот на деведесе

Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.