Реклама

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија

Македонија заостанува во однос на е-тровијата со вештачка интелигенција

Македонија значително заостанува не само зад просекот на Европската Унија туку и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија значително заостанува не само зад просекот на Европската Унија туку и зад балканските пазари во однос на подготвеноста на државата за е-трговија поддржана од вештачката интелигенција. 

Според AI Preparedness Index (AIPI) – индексот што го воведе Меѓународниот монетарен фонд во 2023 година и кој ја мери подготвеноста на земјите да ја применуваат вештачката интелигенција на одржлив и инклузивен начин, Македонија има просек од 0,48. 

Европските лидери како Данска, Естонија и Холандија имаат индекс над 0,76, а од државите во Западен Балкан најдобри резултати на овој план покажува Босна и Херцеговина. 

Реклама

Според Асоцијацијата за е-трговија, ова укажува дека бизнис-екосистемот во земјата сè уште нема доволно капацитет целосно да ја искористи вештачката интелигенција во е-трговијата за персонализација, автоматизација, анализа на податоци, логистика и управување со ризици. Главните ограничувања се поврзани со дигиталната инфраструктура, иновативниот капацитет и интеграцијата во глобалната дигитална економија иако постојат позитивни сигнали во делот на човечкиот капитал и адаптацијата на пазарот на труд.

– Е-трговијата во Македонија бележи силен раст, но следната фаза мора да биде фокусирана на квалитет, доверба и одржлив развој, не само на квантитет. Вештачката интелигенција не е технологија на иднината, таа е реалност денес што го менува начинот на кој функционира дигиталната економија. Нашата задача е да им помогнеме на е-трговците, институциите и на потрошувачите да бидат подготвени за оваа трансформација преку приближување на клучните трендови и континуирана едукација, иницијативи и кампањи – вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија во Македонија, Нина Ангеловска-Станков.

Од друга страна, податоците во прегледот на е-трговијата во Западен Балкан за 2025 година, изработен од страна на Асоцијацијата за е-трговија, покажува дека 63,2 проценти од интернет-корисниците во земјата купувале онлајн во 2024 година, што ја позиционира Македонија меѓу водечките пазари во регионот по учество на онлајн-купувачи, иако е сè уште под европскиот просек.