Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Македонија бележи напредок на листата на моќност на пасошите што ја објавува „Хенли Паспорт Индекс“

Македонија бележи напредок на листата на моќност на пасошите што ја објавува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија бележи напредок на листата на моќност на пасошите што ја објавува „Хенли Паспорт Индекс“. Македонскиот пасош е рангиран на 38. место, со можност за влез без виза во 128 држави.

Сингапур го има најмоќниот пасош во светот, со безвизен пристап до 192 од вкупно 227 дестинации. На второто место се Јапонија и Јужна Кореја, чии државјани можат да патуваат без виза во 188 земји.

Хрватска се најде на шестото место, позиција што ја дели со Чешка, Естонија, Малта, Нов Зеланд и Полска. Најголем напредок во 20-годишната историја на индексот бележат Обединетите Арапски Емирати, кои од 2006 година добиле 149 нови безвизни дестинации и напредувале за дури 57 места.

Реклама

Спротивно на тоа, Обединетото Кралство го забележа најостриот годишен пад, со осум дестинации помалку од лани и вкупно 182. Соединетите Американски Држави се вратија на десеттото место со 179 дестинации, но зад нив се наоѓаат уште 37 земји со слично ниво на патна слобода.