Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Македонија 2025“ објави повик за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Македонија2025 објави повик за Битов – Програмата за претприемачи, која е основана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија2025 објави повик за Битов – Програмата за претприемачи, која е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization) – канадска организација со 50-годишнo искуство во меѓународниот економски развој, што работи на развој на приватниот сектор, односно бизниси што ќе просперираат на национално и меѓународно ниво. Повикот е наменет за македонски микро, мали и средни компании за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници, а краен рок за пријавување е 15 март 2026 година.

„Македонија 2025“ целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија, а компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).

Програмата е наменета за микро, мали и средни компании со минимум една година од постоење на компанијата, чиј сопственик и управител е македонски државјанин и жител; да има лице од компанијата што ќе му биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик; да има високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата; да е во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот); да ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.

Реклама

Во повикот се бара компаниите да бидат од дејностите: туризам и угостителство, финансии, агробизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн., а предност ќе имаат компании што се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.

– „Македонија 2025“ има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании во согласност со нивните барања и потреби – се прецизира во објавата од „Македонија 2025“ за повикот.