Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Македонија го доби првиот иновативен технолошки парк

Македонија го доби првиот иновативен технолошки парк за развој на современи иновации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија го доби првиот иновативен технолошки парк за развој на современи иновации преку вештачка интелигенција и дигиталната трансформација.

Паркот N99 e наменет за едукативни и истражувачки содржини за студенти, компании и институции.

Реклама

„Треба да подготвиме ученици, студенти, експерти и професионалци кои ќе можат да се вклучат во компаниите што работат во областа на дигитализацијата, вештачката интелигенција и иновациите. Доколку тие се добро подготвени, ефектот од нивното знаење ќе може да се искористи на највисоко ниво“, изјави Јаневска.

Поделен на четири сектори, во паркот се наоѓа и првиот хуманоиден робот „Алшар“, претставен како „професор од иднината“. Дел од содржината е и арената за сајбер безбедност, каде компаниите ќе имаат можност да учат како да препознаваат и спречуваат сајбер напади.

Целта е младите да научат да креираат со помош на напредната технологија, се обрати Максимилијан Федингер, потпретседател на Виенскиот институт за уметности и науки.

„Вашата работа за 10 години од денес ќе биде целосно поинаква. Ќе мора многу почесто да се надградувате. Вештачката интелигенција ќе ви помогне, но нема да ве замени“, изјави Федингер.

Од N99 технологии веќе соработуваат со над 40 компании од повеќе држави, што претставува голема можност за Македонија да ја зголеми својата меѓународна соработка.

Бојана Шурлиновска