Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Македонија го доби првиот Центар за сајбер безбедност на Западен Балкан

Македонија го доби првиот Центар за сајбер безбедност на Западен Балкан. Центарот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија го доби првиот Центар за сајбер безбедност на Западен Балкан. Центарот, кој ќе биде лоциран на штипскиот Универзитет, ќе овозможи директно справување со нападите и дезинформациите во дигиталниот простор. Покрај нашата држава, во овој проект ќе се приклучат Албанија и Црна Гора.

„Ова е Центар кој ги обединува Владата, институциите на Владата и Академијата, која треба да ги развие луѓето кои во иднина ќе работат во МВР и кои ќе бидат подготвени да одговорат на својата функција. Значи, програми, практична настава, спремни да влезат во институциите за да ја направат таа одбрана“, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Со отворањето на овој Центар, Македонија се позиционира како лидер во развојот на сајбер безбедноста на Западен Балкан. Во време на интензивна дигитализација, ваквите капацитети се клучни за заштита и безбедноста на општеството.

Реклама

„Имаме сајбер стратегија до 2028 година, за прв пат имаме Закон за безбедност на мрежи и информациски системи, го формираме владиниот центар за одговор на сајбер инциденти, со помош на САД и ЕУ“, изјави министерот за информатичко општество, Стефан Андоновски.

Во рамки на центарот ќе биде поставена современа техничка опрема, а ќе се реализираат и специјализирани академски програми преку кои студентите ќе стекнуваат практични и теоретски знаења.

„Се надеваме дека за кратко време, зборувам за месеци од сега, бидејќи имаме летни одмори, веднаш потоа ќе почнеме со подготовка на програмите за акредитација. Тие програми треба да бидат меѓународно сертифицирани и веднаш потоа почнуваме со првата генерација која ќе биде обучувана“, изјави проф. д-р Сашко Коцевски, проректор на УГД.

За функционирање на овој Центар вложени се околу 80 милиони денари буџетски средства, додека дополнителни 30 милиони денари се обезбедени преку Европската Унија.