Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери

– Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање потпишаа Меморандум за разбирање со Експертиза Франција (Expertise France), Француската агенција за развој (AFD) и Амбасадата на Франција во Македонија, со што официјално се потврдува заедничката заложба за унапредување на климатската и еколошката правда во земјата. Меморандумот, инфомрираат од Министерството за правда, ја […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање потпишаа Меморандум за разбирање со Експертиза Франција (Expertise France), Француската агенција за развој (AFD) и Амбасадата на Франција во Македонија, со што официјално се потврдува заедничката заложба за унапредување на климатската и еколошката правда во земјата.

Меморандумот, инфомрираат од Министерството за правда, ја воспоставува рамката за спроведување на регионалниот проект „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence), чија цел е да го подобри пристапот до правда и да го зајакне учеството на јавноста во прашања поврзани со животната средина во  Македонија, Албанија и Црна Гора, во согласност со европските стандарди и законодавството на Европската Унија.

Со потпишувањето на документот, институциите ја потврдуваат својата посветеност на јакнење на владеењето на правото во областа на животната средина, унапредување на институционалните капацитети и поттикнување на поширока вклученост на граѓаните во процесите на носење одлуки што влијаат врз животната средина и климатските политики.

Реклама

Проектот ќе овозможи техничка поддршка, размена на експертиза, организирање обуки и развој на механизми за подобра примена на принципите на еколошката правда. Во рамките на соработката ќе бидат воспоставени управни и советодавни тела кои ќе обезбедат координирано и транспарентно спроведување на активностите.

Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе работат заедно со француските институции на унапредување на националните капацитети и приближување на земјата кон европските практики во областа на заштитата на животната средина и пристапот до правда.